Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Канада. Тој денеска ги врати во живот Ферари, успевајќи да ја освои пол-позиција во Канада со фантастичен финиш на квалификациите. Ова е негова прва победа во квалификациите по цели 17 трки. Четирикратниот светски шампион го искористи максимално денешниот ден и утре прв ќе тргна на патеката во Монтреал.

Второто место во квалификациите му припадна на светскиот шампион Хамилтон, додека трет беше вториот возач на Ферари, Леклер.

Официјалната трка стартува утревечер во 20:10 часот по македонско време.