Дани Велбек и Стефан Лихштајнер повеќе не се играчи на Арсенал. „Топџиите“ ги раскинаа договорите со овие двајца фудбалери.

28-годишниот Велбек пет сезони беше дел од Арсенал, но никако не се наметна како прва опција во нападот. Лихтштајнер дојде минатата сезона од Јувентус, но без позабележителни настапи во дресот на лондонскиот тим.

Од Арсенал замина и Петр Чех кој се прости од фудбалот, со последниот натпревар против Челзи во финалето од Лигата на Европа.