Киргистанката Валентина Булет Шевченко на безмилосен начин ја одбрани титулата во УФЦ во средно лесна категорија во Чикаго.

Таа во дуелот со Џесија Ај, во втората рунда ја нокаутираше ривалката со брутален удар со ногата во главата, нокаут по кој Ај падна на подот.

Шевченко сакаше да ја продолжи со ударите, но судијата ја запре, со оглед на тоа дека Ај беше вон свест.