По успешните настапи и пласманот во Првата македонска лига раководството на Струга Трим Лум одлучи да го продолжи договорот со тренерот Јетон Беќири. Стратегот беше еден од најзаслужните за историскиот подвиг на клубот од Струга и првиот пласман во најсилната македонска лига. Беќири го продолжи договорот на уште една година што значи дека ќе го води тимот идната сезона во дебитанската сезона во Првата лига