Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада откако најголемиот ривал Себастијан Фетел беше казнет со пет секунди. Десет круга пред крајот Фетел беше казнет од судиите поради опасно излегување на патеката токму пред конкурентот Хамилтон (, па така Себастијан немаше никаква шанса да победи дури и да завршеше на првото место затоа што Луис доцнеше една секунда.

По трката Фетел излезе од болидот и одби да отиде на подиумот каде се делат наградите, туку отиде кај болидите и ги смени знаците 1 и 2. Бројот 2 го премести на болидот на Хамилтон, а единицата си ја стави кај својот болид.

Потоа како протест одби да се качи на подиумот, но Луис го одвлечка до таму и го стави до себе на највисокото место. Но на Фетел не му беше сеедно затоа што смета дека е неправедно казнет. А публиката му свиреше на возачот на Мерцедес кога го примаше трофејот.

 

Во генералниот пласман за светскиот шампионат Хамилтон уште поубедливо е лидер, го следи Ботас, а Фетел e третоппласиран. Кај конструкторите лидер е Мерцедес.