Како што тврди Каталонски Спорт, по пропаѓањето на можноста Барселона да го ангажира Антоан Гризман, сега тој е пред трансфер во ПСЖ.

Францускиот тим во него гледа како  замена за Нејмар, кој е пред враќање во Барселона. Исто така би можел да замине и Мбапе, па од тука ПСЖ ќе мора сериозно да го засили нападот.

Изборот паднал на Гризман кој се збогуваше од Атлетико, но и покрај тврдењата дека ќе замине во Барселона, од каталонскиот клуб не го сакаа во своите редови, и сега ќе мора да бара нов ангажман.