Македонската фудбалска репрезентација денеска го одбработи последниот тренинг пред утрешниот меч со Австрија. Се тренираше на игралиштето на ФФМ, се крои планот да се нападне противникот. Тренингот помина во одлична атмосфера, се спремаа неколку варијанти, а ќе видиме за каква ќе се одлучи селекторот Игор Ангеловски. Елиф Елмас не беше со играчите, тој останал во хотелот на лекарски третман. Се прават напори да се оспособи за игра.