Рафаел Надал дојде до 12-та титула на Ролан Гарос. За противник во финалето го имаше Доминик Тим кого го совлада со 3-1 во сетови. Шпанскиот тенисер виде мака во првите два сета, потоа во продолжение настапи далеку посигурно и доминантно.

По завршување на овој дуел тој прво се обрати на својот противни, споделувајќи пред целата јавност големи комплименти.

„Прости ми. Ти си еден од најдобрите примери, многу напорно работиш, секогаш си насмеан, ти си добар човек. Ти благодарам што си голема инспирација за мене и многу дечиња ширум светот. Ако сакам да изгубам од некого, тоа би било тебе“, му рече Надал на Тим.

Тим кој и натаму ја чека првата грен-слем титула рече:

„Ќе продолжам да работа и сигурен сум дека еден ден ќе го освојам Ролан Гарос“.