Португалија против Холандија. Финале на Лигата на нациите. Тоа е натпреварот на денот во Европа. Дуел за трофејот во новоформираното европско натпреварување кое на победникот му носи и билет за Европското првенство 2020 година.

Турнирот се игра во Португалија, а домаќинот е фаворит за трофејот. Португалците во полуфиналето ја збришаа Швајцарија со 3:1 со хет-трик на Кристијано Роналдо кој се врати во репрезентацијата за Лигата на нациите откако претходно ја пропушти групната фаза. Најдобриот фудбалер на Португалците вели дека се уште е мотивиран и може да ја носи репрезентацијата, а тоа го покажува со одличните настапи како во квалификациите така и на првиот полуфинален меч од ЛН. Со гол(овите) на тој меч Роналдо стана првиот фудбалер кој ја тресел мрежата на меч во 10 различни интернационални натпреварувања (Светски и Европски првенства, Коп на конфедерации, ЛН).

ЛИГА НА НАЦИИ – ФИНАЛЕ

ПОРТУГАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА
Стадион: Драгао во Порто.
Недела, 20.45 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ

ТГГ ГГ     1,83
КТ Х       3,20
*Квотите подлежат на промени

Сега против себе ќе го има Вирџил ван Дајк, најдобриот фудбалер на Премиер лигата оваа сезона и командантот на одбраната на новиот европски првак Ливерпул. Холандија се препороди во последните години, почна да се буди од летаргијата и на сцената почнаа да играат младите талентирани фудбалери како Де Лихт, Де Јонг, Депај кои во претходните години беа цел на критики поради лошите настапи.

Но сега се созреани, а Холандија се крена на повисоко ниво и повторно е страв и трепет во Европа. Да потсетиме во полуфиналето на Лигата на нациите „лалињата“ ја елиминираа Англија по продолженијата (3:1).

Интересно Португалија изгубила само два од претходните 13 дуели со Холандија во сите натпреварувања (седум победи и четири ремија). Едниот од тие порази беше последната средба (пријателска) во Женева во март 2018 на која четата на Роналд Куман изгуби со 0:3.

А Холандија никогаш не ја победила Португалија на гости (две ремија и три порази). Ова ќе биде прв официјален дуел по јуни 2004 кога „лалињата“ на Адвокат изгубија од Португалија со 2:1 во полуфиналето на ЕП.

Холанѓаните се потпираат на расположениот Мемфис Депај кој или реализирал голови (три) или асистирал (пет) на секој од осумте претходни натпревари на Холандија во сите конкуренции.

Што се однесува до типувањето лесно може овој меч да биде одлучен по продолженијата или пеналите. Тоа значи дека понудата за похрабрите е Х, а можеби посигурни варијатни се ГГ и 1Х&0-3.