Попладнево на вонредна прес конференција, првиот човек на ФСС Славиша Кокеза јавно и се извини на нацијата за срамот во Лвов, каде Украина со 5:0 ја победи Србија. Потоа тој напомена дека сега засега нема да има смена на селекторот Младен Крстајиќ, и дека тој ќе ја води репрезентацијата на дуелот со Литванија. А за после што и како со Крстајиќ, допрва ќе се види. Инаку во Србија не престануваат критиките кон Крстајиќ, кон играчите, но и кон Фудбалскиот Сојуз. Се бараат итни оставки, се бараат промени. Притоа се споменуваат имињата на Тумбаковиќ, Пикси Стојковиќ и др. како можни наследници на Крстајиќ.