Македонија води против Австрија со 1:0 од 18. минута благодарение на противничкиот играч Хинтерегер кој си постигна автогол. Иако играме лошо им дозволуваме многу простор на противничките напаѓачи, сепак успеавме да поведеме без да нападнеме.

Алиоски нафрли од левата страна, а Хинтерегер се обиде со глава да ја врати топката до својот голман но немаше претстава каде се наоѓа тој. Топката се истркала во празната мрежа.