Како што велат нашите неофицијални информации, Шкендија пред неколку денови испратила понуда до Валериј Божинов, еден од најпознатите бугарски напаѓачи. Тетовци сакале да ја ангажираат супер-ѕвездата на нашиот источен сосед. Понудена му била и добра сума за едногодишен договор, но сепак од страна на бугаринот дошло разочарувачко „НЕ“.

Секако дека Шкендија не се одбива така лесно, значи на Божинов едноставно не му се доаѓало во Македонија, односно во Тетово. Оваа иформација значи дека Шкендија навистина има големи планови во врска со трансферите, се потврдуваат најавите дека сака по секоја цена да влезе во групната фаза во Лигата на Европа. Штета, тоа значи дека во Македонија, односно во Тетово нема да дојде и преубавата Биљана Дол, придружничката на Божинов.