Украински навивачи буквално го запалија стадонот за време на плеј-оф натпреварот за опстанок односно пласман во Првата лига помеѓу Волин и Карпати Лвов. На реваншот при резултат 1:3 домашните навивачи го искажаа своето незадоволство со тоа што се симнаа на теренот и го прекинаа натпреварот.

На другата страна ситуацијата беше поинтересна, навивачите на Лвов чиј тим обезбеди место во Првата лига ги запалија столчињата на трибините. Пожарникарите и полицијата имаа полни раце работа.