Откако пред десетина дена беше потврден како нов тренер на екипата на Интер, Антонио Конте вистински ги „запали“ фановите на „нероаѕурите“. Според весникот „Газета дело Спорт“, продажбата на сезонски билети на „Џузепе Меаца“ за само неколку дена скокнала за цели 20%.

Имено, Интер во првиот ден од доаѓањето на Конте продал 3000 годишни билети. Денеска во клубот заврши првата фаза од продажбата на сезонски билети, а од таму велат дека се изненадени од интересот. До крајот на втората етапа прогнозите велат дека бројката на продадени влезници може да оди и над 30% од досегашниот просек.