На репрезентацијата на Косово и избега победата против Црна Гора во Подгорица (1:1), но затоа сега среќата им се насмевна и го однесе целиот плен од гостувањето кај Бугарија. Нашиот северен сосед победи со 3:2 на стадионот на Левски во Софија и со тоа веќе има собрано пет бода по три кола. Бугарите шокирани, не им се верува како успеаа да изгубат. Останаа последни на табелата со два бода.

Косово поведе со голот на Милот Рашица откако бугарскиот дефанзивен ред погреши, а топката стигна до фудбалерот на Вердер ја погоди мрежата. Но Бугарите се соземаа и го свртеа резултатот во своја корист. Пред полувремето преку Ивајло Попов изедначија, а на почетокот на вториот дел преку Димитров поведоа со 2:1 и тука застанаа. Како да мислеа дека натаму се ќе биде полесно. Косово се крена и победи. Муриќи изедначи во 64 минута и кога се чинеше дека ќе има поделба на бодовите, голгетерот на норвешки Од Елбасан Рашани го искористи додавањето на Рашица и го совлада бугарскиот голман во 93 минута за конечна победа од 3:2.

Косово веќе 14 натпревари не знае за пораз што е најдолга низа од сите европски селекции (Португалија е втора со 10). Во таа низа има девет победи и пет ремија.

Да потсетиме Косово е нашиот ривал во полуфиналето на Лигата на нациите. Овој тим порасна и веќе е сериозен ривал…