Потоа зошто УЕФА им дише во врат на „росонерите“. Не попусто миланскиот великан е на црната листа на Европската фудбалска куќа. Угледниот „Кориере дело Спорт“ анализирајќи ги финансиите на Милан дојде до заклучок дека заклучно со 30 јуни овој клуб ќе забележи губиток од точно 100.000.000 евра за сезоната 2018/19.

Додека „росонерите“ ја чекаат пресудата од Апелациониот суд во Лозана околу казната и исклучувањето од европските купови, клубот и понатаму се мачи како финансиски да се стабилизира. Клубот моментално го контролира американскиот инвестициски фонд Елиот Менаџмент кои го презеде клубот од Кинезот Јонгхонг Ли откако овој заглави со исплатата на кредитот подигнат да го купи миланскиот клуб.

Паднатиот џин никако не успева да се пласира во Лигата на шампионите со што буџетот не е растеретен, а на тоа кога ќе се додадат и неуспесите во вложувањето во играчки кадар, подобро кажано лошиот избор на играчи, не е изненадување што „росонерите“ во европскиот фудбалер го бележат најголемиот губиток.

Тоа значи дека летоска Милан мора да се ослободи од неколку фудбалери за да малку да го симне притисокот од УЕФА и да го растерети минусот, а она што е загрижувачки е што миланскиот клуб е во постојана загуба изминатите години.

На пример сезоната 2017/18 ја завршил со годишен дефицит од 126 милиони евра, во 2014 должеле 91.000.000 евра. Вкупниот долг на „росонерите“ во изминатите пет години изнесува неверојатни 413 милиони евра!