Српскиот стратег Синиша Михајловиќ пред своите најблиски открил дека бил во завршни преговори со првите луѓе на екипата на Рома за преземање на клубот следната сезона. Сепак, како што им потврдил, од Рома не биле подготвени да го направат завршниот чекор во преговорите, па соработката најверојатно нема да се оствари.

„Точно е дека бев близу до договор со Рома. Но, јас разбирам дека сега не се подготвени за тоа. Јас бев подготвен да го направам тој чекор, но тие не. Им благодарам на интересот, но сега мислам на други работи“, потврдил Михајловиќ и во интервју за италијанска телевизија.

Тој и следната сезона ќе остане на кормилото на Болоња. За неговиот поранешен клуб Лацио вели дека досега не го исконтактирал ниту еднаш за да му понуди работа.