Едно од најголемите имиња на светскиот тенис во историјата, 33-годишниот Рафаел Надал, кој вчера ја освои 12. титула на „Ролан Гарос“, изјави дека нема поставено цел да го стигне 37-годишниот Швајцарец, Роџер Федерер по бројот на титули на Грен слем турнирите.

Федерер во моментов е најуспешниот со 20 трофеи од големите натпреварувања, додека Надал со вчерашната победа на францускиот Опен дојде до својата 18-та титула од големата серија.

„Да бидам искрен, за тоа не сум се грижел никогаш, па ни сега. Не можам постојано да бидам под притисок дали соседот до мене има поголема куќа о дмене или подобар телевизор или подобра градина. Знаете, не го гледам животот на тој начин. Мислам дека пропуштив околу 15 или повеќе Грен слем турнири во мојата кариера поради повреди. Значи сè е тешко и никогаш не било лесно“, изјавил Надал.