Како што дознава СПОРТМЕДИА, селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот дуел со Австрија има намера да ја смени формација од онаа што беше со Полска. Па така вечерва почнуваме со 4-4-2. На голот е Димитриевски, лево како бек Алиоски, десно Ристовски, стопери ќе бидат Велковски и Бејтулаи. Во средниот ред тука се Барди, Николов, Адеми и најверојатно Елмас кој ќе се чека до последен момент. За неговиот настап решаваат докторите. Ако не може тој, тогаш место него стартер ќе биде Хасани, и во нападот Пандев и Несторовски.