Македонија го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕУРО 2020 пред својата публика во Скопје (1-4) од Австрија, а дека доживеале комплетен дебакл на теренот, јасно им е и на репрезентативците.

„Сè се погодува јас да зборувам по вакви порази… Главата доле и на работа! Што да кажам? Цело време целиме кон едно нешто, тренираме, даваме максимум за една ваква презентација, не сфаќаме во главите…

Треба да се запрашаме зошто ова ни се случува. Ова не е пораз за мене од 0-1, ова е дебакл, затоа што играме во клубови, јас не верувам дека вака играме во клубови. За мене дресот за репрезентација е нешто свето и ако во клубовите даваме 100, тука треба да играме 200 посто… Жал ми е, жал ми е многу. На хартија можеби играчки имаме најсилна репрезентација, но не го даваме истото на терен. Нема предавање, ќе ја истуркаме групата, имаме уште една шанса во Лига на нации… Ние бевме многу слаби! Ако не извлечеме поука од вакви репрезентации, нема од каде… Денеска се предадовме лесно..“, разочарано коментираше Стефан Ристовски по поразот од Австрија.