Владимир Димитровски, довчерашниот првотимец на Работнички, така барем велат нашите информации веројатно ќе направи трансфер на Чаир. Искусниот стопер сега е слободен играч, има неколку понуди, но чаирчани најмногу „гризат“ за неговиот потпис. Да потсетиме дека денеска Шкупи го официјализираше првото свое летно засилување, а тоа е Фатјон Јусуфи.

Од друга страна најголема трансферна цел на чаирчани за ова лето е Музафер Ејупи, искусниот напаѓач кој пред неколку денови си замина од Осијек. Неговото име се врзуваше со трансфер во Хајдук или Ријека, но нема ништо чудно да биде ако популарниот Музо му помогне на Шкупи во настапот на чаирчани во Европа.