Челзи нема да добие паричен надоместок за заминувањето на Маурицио Сари во Јувентус. Иако претходно беше објавено дека италијанскиот клуб ќе ги плати бараните 6 милиони евра, бидејќи договорот на Сари важи за уште една година, сепак, агентот италијанскиот стратег се согласил со Челзи за взаемно раскинување на договорот.

За возврат и Јувентус нема да бара ни евро од оние 9 милиони кои требаше да ги плати за Гонзало Игуаин. Тоа значи дека и двата клуба најдоа момент за взаемна соработка.

Сари треба да стане главен тренер на Јувентус во следните денови. Неговиот договор ќе биде за три години.