Откако и фудбалските ривали застанаа рамо до рамо во обидот да му помогнат на легендарниот германски фудбалски клуб Кајзерслаутерн да застане на нозе и да го запре процесот на фудбалско угинување, стигнува нов удар за навивачите на популарните германски „црвени ѓаволи“. Имено, судот во Луксембург отворил постапка против главниот инвеститорот на Кајзерслаутерн, Флавио Бека, за наводно перење пари и проневера на корпоративни средства.

Суд во Луксембург одлучил дека според нивните прибрани информации тој е виновен за трупање на непроферени финансиски средства во капитал од луксузни чаосвници кои се запленети во канцелариите на неговата корпорација. 56-годишниот Бека, кој минатиот месец беше промовиран во спасител на клубот кој финансиски тоне ли тоне и беше на чекор до исфрлање во регионалната конкуренција,  му даде заем на клубот во висина од 2,6 милиони евра и најави понатамошно инвестирање во клубот.

Сепак, скандалот со наводна корупција во изградбата на два трговски центри во последните години, сега фрла едно друго светло врз ликот на спасителот. Адвокатот на Бека тврди дека обвинителството нема докази за корупција иако според извештаите на медиумите, инспекторите кај Бека пронашле голема количина луксузни часовници со оригинално пакување. Адвокатот тврди дека Бека само “инвестирал во интерес на групата” и ги негира обвинувањата за перење пари и проневера на корпоративни средства.