Претставниците на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се состанале во Лондон каде разговарале за можниот трансфер на францускиот репрезентативец Пол Погба во Мадрид. Според информациите од Англија, Реал е подготвен да плати 150 милиони фунти за францускиот играч од средниот ред.

Според британските медиуми, претставниците на Реал долго време останале во Лондон, каде што го се обидуваат да ги убедат своите колеги од „Олд Трафорд“ да ги прифатат условите на трансферот.

Според Ивинг Стандард, Ед Вудворд веќе подготвил листа на можни замени за Погба, што значи дека и „ѓаволите“ се подготвени на сезона без Французинот. Ако се решат за негова продажба, Манчестер Ј. веројатно ќе тргнат кон Јури Тилеманс и Кристијан Ериксен.