Најмногу по заслуга на нашиот стратег Виктор Треневски, екипата на Ком од денеска и официјално е нов прволигаш во шампионатот на Црна Гора. Имено во вториот меч од баражот, четата на Треневски денеска со 1:0 на свој терен, го победи Ловќен, па така со вкупни 2:0 се пласира во елитната лига на Црна Гора. Треневски неодамна ја презеде оваа екипа, со напорна работа успеа буквално да ја препороди и на крајот да ја внесе во Првата лига. Инаку нашиот стратег како тренер досега ги има предводено, покрај другите, и екипите на Заврч, Дечиќ, Работнички и сега Ком.