По вчерашните возбудувања во квалификациите за ЕП 2020, денеска продолжија натпреварите од 4.коло во кое, за разлика од синоќа, вечерва имаше неколку изненадувања. Како прво ќе го издвоиме резултатот од Атина. Грција изгуби од Ерменија со 1:3. Со головите на Карапетијан и Газарјан селекцијата на Ерменија обезбеди предност од два гола во првото полувреме, Грците намалија преку Зека во 54. минута, а во 74 минута победата на Ерменците ја запечати поранешниот вардарец Тигран Барсегјан.

Ова е втор шок за Грците за неколку денови. Во саботата на свој терен доживеаја дебакл од Италија (0:3), а сега си дозволија уште поголем срам (1:3) поради што се на претпоследното место на табелата.

Ерменија ја забележа втората победа во групата и скокна на третото место.

 

Во оваа група Г, Финска запиша победа против Лихтенштајн (2:0) и е втора на табелата, а во дербито Италија ја победи Босна и Херцеговина со 2:1. Босанците водеа по првото полувреме со голот на Џеко, а „Аѕурите“ изедначија со прекрасниот погодок на Лоренцо Инсиње. Во 85 минута Марко Верати даде гол за победа на „Аѕурите“.

А Германија ја растури Естонија на „Опел арената“ во Мајнц. Резултатот беше 8:0. Серж Гнарби и Марко Ројс дадоа по два гола, а по еден Горецка, Гундоган, Вернер и Сане.

 

ТАБЕЛИТЕ МОЖЕТЕ ДА ВИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА ОВОЈ ЛИНК