Македонскиот напаѓач Музафер Ејупи одново е фудбалер на Славен Белупо. Поранешниот репрезентативец на Македонија го напушти Осиек за кого играше од 2016 година и прејде во добро позната средина – Славен Белопо, клубот чии бои ги бранеше во сезоната 2015/16.

„Се вратив во средина која ја познавам и таму каде се чувствувам одлично. Се вратив дома“, е коментарот на Ејупи.

Во првиот период за Славен Ејупи постигна 24 гола во 54 натпревари, а со својата посветеност во работата и залагање на теренот ги освои срцата на навивачите на клубот од Копривница. Некогашниот фудбалер на Вардар, Mеталург и Шкендија со Славен потпиша едногодишен договор.