Францускиот кошаркар Тони Паркер вчера и официјално го најави своето пензионирање. На 37-годишна возраст, завршувајќи една успешна кариера во која освои четири прстени од НБА лигата и стана европски шампион со Франција, Тони Паркер почувствува дека е време да ги напушти кошаркарските арени.

Тој кариерата ја почна во Париз, a во 2001 година реши веднаш да се проба во НБА. Беше избран на НБА драфтот од Сан Антонио, тим со кој стана  НБА шампион во 2003, 2005, 2007 и 2014 година.