Поранешниот возач на Ф1, Такума Сато, повреди еден од сопствените механичари откако со непрописна брзина влезе во пит-стопот на Инди Кар трка во Тексас.

Голема среќа имаше механичарот, кој мина само со мал шок и модринки по телото, откако Јапонецот влета пребрзо и преблизу до оградата и притоа не можеше да го избегне, па го удри во нозете и го крена над болидот потоа забивајќи се во ѕидот.