Џенова е многу блиску до доведување во тренерот на Емполи, Аурелио Андреацоли на својата клупа следната сезона. Тимот на нашиот капитен Горан Пандев, е во потрега по ново тренерско решение, па се чини управата веќе истото го најде во тимот кој се пресели во Серија Б.

Според Скај Спорт Италија, Андреацоли се согласил со понудените услови од Џенова, која нема да мора да плати никаков надомест за неговото заминување од Емполи. Она што останува да се реши е сегашната позиција на Чезаре Прандели.