По малку неочекувано Тиквеш го доби најголемото засилување ова лето. И тоа во името на Ванче Шиков. Како што вели самиот прво сака да му помогне на својот матичен клуб како играч а потоа ќе види како ќе се одвиваат работите.

„Во разговор со Горан Пандев решив да си заминам од А. Пандев. Целта е остварена, го освоивме Купот, излегоме во Европа. Сега е време да се вратам во моето Кавадарци и да му помогнам на мојот Тиквеш. Прво како играч, веројатно шест месеци или година дена, а потоа во разговор со спонзорите на клубот и секако градоначлникот, да видиме како да го искористиме моето искуство“ вели Шиков за СПОРТМЕДИА.

Тоа значи дека Тиквеш ќе биде еден од најголемите фаворити за пласман во Првата лига во сезоната 2019/2020.