Искусниот напаѓач Атде Нухиу (29) е еден од оние играчи за кои Шкендија е заинтересирана во летниот преоден рок. Иако конкуренцијата во нападот на нашиот шампион е жестока, секако фудбалерот на Шефилд Венсдеј, добро би дошол во настапите на тетовскиот тим во фудбалска Европа ова лето. Нухиу е повремен член на репрезентацијата на Косово, има играно и за екипите на Австрија Кернте, Рид, Рапид Виена, додека во Турција беше во тимот на Ескишехирспор.