Ѓорѓи Кочов и неговите избраници максимално ја искористија подолгата клупа, во последните пет минути целосно се вратија и дојдоа до втората победа во финалната серија. Иако следниот натпревар МЗТ Скопје го игра на домашен терен и речиси е пред промоција на нов шампион, сепак младиот тренер е претпазлив.

Кочов не сакаше да издвои никого, победата ја препиша на сите оние кои се најдоа на клупата.

„Влеговме во грч, промашивме отворени шутеви. Имавме нервоза, го знаевме значењето на овој меч. Работнички влезе растеретено, но последните четири до пет минути го реши натпреварот. Дамјан одигра одлично, но тоа за мене не е изненадувачки. Јас тоа го очекувам од сите. Мора да го пофалам тимот, затоа што сите имаат заслуга за оваа победа, од тие на терен, до оние што беа на клупа. Ја заборавме победата, ништо не е готово, не чека уште една тешка битка пред нашата публика која воопшто нема да биде лесна“, рече Кочов.