Манчестер Јунајтед нема намера да попушти пред притисокот на Реал (М). Како што тврдат шпанските весници, до продажба на Пол Погба се чини нема да дојде ова лето, зато ашто „црвените ѓаволи“ не сакаат да го продадат францускиот играч за врска.

И покрај неколкуте состаноци направени оваа недела во Лондон меѓу преставници на двата тима, ни оддалеку нема најава за договор. Преставниците на Реал воопшто и не се оптимисти дека можат да го донесат во своите редови францускиот репрезентативец. Според последните информации, “црвените ѓаволи” се подготвени да разговараат за продажба на Погба, но сумата која ја бараат за него е фиксна – 150 милиони евра. Сепак, дури и оваа сума сега стана сомнителна, бидејќи избори од Реал тврдат дека на последната средба во Лондон преставникот на Манчестер Ј. ги информирал Шпанците дека нема цена за која би го пуштиле Пол да си замине.

Оле Гунар Солскјер планира да го вклучи Погба како главна алка во играта на својот тим следната сезона и затао по секоја цена сака тој да остане на „Олд Трафорд“.