Македонија синоќа едноставно беше фудбалски засрамена. Не толку поради тие 1:4, туку повеќе поради начинот на тоа како Австрија успеа да не „растури“. Сега е време да погледнеме кон минатото. А таму ќе видиме дека овој пораз од Австрија е третиот најубедлив на наш терен. Со поголема разлика тука славеле само Белгија и Словачка со по 5:0. Имало и други порази, имало и поубедливи и на гостински терен, но не се сеќаваме дека некој така не надиграл во вистинска смисла на зборот. Инаку овој пораз од 1:4 против Австрија, е 13-ти највисок пораз на Македонија воопшто.

НАЈВИСОКИТЕ ПОРАЗИ:

08.06.2005:     ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА         6:1

07.06:1996:     МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА       0:5

07.10.2001:     МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА   0:5

14.10.2001:     УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА     5:0

07.09.2005:     ФИНСКА – МАКЕДОНИЈА       5:1

15.10.2013:     СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА         5:1

08.09.2014:     ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА    5:1

01.04.2009:     ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:0

12.10.2016:     ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА    4:0

19.11.2017:     ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА   4:0

14.12.2012:     ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА       4:1

11.10.2011:     ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА   4:1

10.06.2019:  МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА        1:4