Ескишехир е претпоследната станица во битката за пласман на ЕП 2020 година. Данило Брестовац и неговите избраници пред малку го одработија единствениот тренинг пред утрешниот дуел против Турција (19 часот), меч кој мора да се добие за заверка на пласманот на континенталното натпреварување и секако задржување на она прво место кое носи поволности пред ждрепката.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим на располагање ги има сите ракометари кои се најдоа на скратениот список, во одлична атмосфера момците ги прават последните подготовки.