Работнички нема среќа. По Димитар Мираковски, кој на првиот финален меч не го доигра поради повреда на препоната, вечерва најтрофејниот кошаркарски колектив остана и без услугите на Димитар Караџовски. Уште во првата минута мораше да го напушти теренот, најверојатно станува збор за повреда на скочниот зглоб.