Паоло Фонсека е новиот тренер на Ромa. Информацијата утрово е и официјално потврдена и веќе се најде во ударните вести на највлијателните италијански медиуми.

46-годишниот стратег потпиша договор за следните две години, со опција за обновување на уште една година. Фонсека веќе неколку недели наназад беше во интензивни преговори со клупското раководство на „волчицата“ и беше прашање на денови кога ќе биде потврдена соработката.

Фонсека за 3 сезони минати на кормилото на тимот од Доњецк успеа да освои дури 7 трофеи кои бе аодлична препорака за преселба во италијанската престолнина.