Поранешниот светски шампион во Формула 1, Нико Розберг, го критикуваше однесувањето на Себастијан Фетел за време на трката за ГН на Канада. Фетел почна да прави сцени по завршувањето на трката, откако судиите го казнија со 5 секунди и му ја одземаа победата.

„Тоа беше непотребно и не изгледаше воошто убаво. Тој направи грешка и требаше да биде свесен за тоа. Дури и за време на трката, Фетел ги навреди стјуардите. Тој секогаш мисли дека е во право и секогаш сака да ги обвинува другите за своите грешки“, изјавил Розберг.