Португалскиот вундеркид Жоао Феликс е цел на многу големи клубови, а се зборува дека Манчестер Јунајтед веќе неколку пати се обидел да го контактира, но градскиот ривал Сити не седеше со скрстени раце и тие се впуштиле во акција.

Како што пренесува „Сан“ Сити на овој млад фудбалер му понудиле петгодишен договор и неделна плата од 100.000 фунти за да го облече нивниот дрес. Да кажеме дека фудбалерот има  само 19 години, а овие суми се неверојатни за тинејџер.

Инаку Бенфика нема толку лесно да се откаже од својот „дијамант“ и ќе бара најмалку 105 милиони евра.

Феликс минатата сезона на 43 меча постигна 20 голови и впиша 11 асистенции. А младиот фудбалер не брза со одлуката. Прво ќе ја сослуша Бенфика, а потоа ќе одлучи што со својата иднина.