Албанскиот прволигаш Теута се засили со десниот бек на Шкендија Благоја Тодоровски. Денеска фудбалерот стави потпис на соработката и потоа клубот го претстави во јавноста. Тодоровски е искусен фудбалер има и настапи за репрезентацијата на Македонија, а освен во Шкендија играше и за Силекс, Ренова и Работнички, а извесен период помина во романскиот Динамо Букурешт.

Новиот клуб на Тодоровски е од градот Драч, а минатата сезона заврши на третото место на табелата и ќе игра во квалификациите за Лига Европа.