Изненадувачко финале на младинскиот Мундијал што се одржува во Полска.

Првпат во историјата за светскиот трофеј ќе се борат репрезентациите на Украина и Јужна Кореја. Неочекувано финале затоа што никој не предвидуваше дека можат да стигнат до завршницата, а не пак до финалето.

Украина во полуфиналето ја елиминира Италија со 1:0, а Јужна Кореја со истиот резултат беше подобра од Еквадор. Јужна Кореја еднаш заврши на четвртото место на СП У20 во далечната 1983 година.

Мечот за трето место помеѓу Еквадор и Италија се игра во петок, а финалето помеѓу Украина и Јужна Кореја е закажано за сабота од 18.00 часот на стадионот во Лоѓ.