Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе вечерва на мечот помеѓу Франција и Андора реализира погодок во 11 минута што беше негов јубилеен 100-ти во кариерата. А ултраталентираниот фудбалер има само 20 години и пет месеци.

На своите 180 натпревари во сениорска конкуренција, Мбапе постигнал 87 гола во сите конкуренции за Монако и Пари Сен Жермен и уште 13 за репрезентацијата на Франција.

Ова е раритет за фудбалер на оваа возраст, Лионел Меси и Кристијано Роналдо чекаа до 22 години за да стигнат до троцифрен број на голови.