Германија вечерва во Мајнц ја демолира Естонија со 8:0, а Марко Ројс беше стрелец на два гола од кој едниот беше интересен по многу нешта. Во 37. минута Ројс го погоди голот на противникот директно од слободен удар.

Со тоа Германците заокружија пет гола во едно полувреме за првпат по онаа победа над Бразил на Светското првенство во 2014 година кога победија со 7:1.

Уште поинтересно и помалку звучи неверојатно, но тој гол на Ројс е првиот на Германија од слободен удар после 2007 година. Тогаш реализирал Торстен Фрингс.

Германија има 100% ефект против Естонија. Четири меча – четири победи со импресивна гол-разлика 19:1.

Германија победи на последните 14 квалификациски натпревари (за СП и за ЕП) изедначувајќи го личниот рекорд остварен помеѓу 2010 и 2012 година.

Мануел Нојер 37 меч не прима гол (од вкупно 88) поминувајќи го легендарниот Сеп Маер кој има 36 „суви мрежи“.