Челниците на Вардар одлучија да менуваат ништо барем кога станува за потеклото на своите тренери. Следната сезона македонскиот тим кој ќе биде бранител на титулата во Лигата на шампионите, како и во СЕХА и домашниот шампионат, ќе биде во рацете на Шпанец. Тренерите од оваа земја се покажаа како полн погодок, хемијата која владее во таборот на „црвено-црните“ заедно со онаа шпанска „магија“ одлично се вклопи, на Вардар му донесе три години радост, три години редовно учество на Ф4, одново во три години две титули.

И одново, одлуката падна на име кое за нас не е познато. Давид Хосе Писонеро (46) е човекот кој ќе има за задача да продолжи по стапките на Роберто Гарсија Парондо и Раул Гонзалез.

Додека гледаме во неговото си-ви, од Шпанците добивме потврда во Скопје доаѓа Волшебникот од Ваљадолид.

Тој од тимот си оди како херој, како единствен тренер кој успеал да донесе убави денови.

„Неговата посветеност е пример за сите членови на клубот, благодарение на неговата работа и професионалност тимот достигна високи цели“, ова е само дел од комплиментите кои беа испратени на сметка на новиот тренер на Вардар.

Оваа сезона, Вањадолид ја одигра најдобрата сезона во АСОБАЛ-лигата го освои седмото место, ја забележа најдолгата низа на победи (седум во низа), освои рекордни 33 бода и на гости имаше биланс од седум победи и две ремија.

Сето ова е доволна најава дека европскиот првак Вардар ќе биде во сигурни раце, никој во Скопје и Македонија не сака да завршат оние магични денови исполнети со врвен ракомет во креација на „црвено-црните“.