Ѓорги Танушев и официјално е првото засилување за Академија Пандев.

Минатата сезона настапуваше за екипата на Победа, од таборот на освојувачот на Купот на Македонија во него гледаат како одлично освежување во средниот ред.

Покрај Танушев, во сениорскиот тим се вратени и Кристијан Велиновски кој беше позајмен во Брегалница, како и Емир Скендери кој беше пратен на позајмица во Кожуф.