Шведскиот напаѓач Александер Исак има нов клуб. Го смени германскиот Борусија Дортмунд со шпанскиот Реал Сосиедад. За момчето кое го нарекуваа идниот Ибрахимовиќ поради конституцијата и чувството за гол Борусија ќе заработи околу 10 милиони евра.

Во јануари 2017 година Исак му се приклучи на Дортмунд од АИК за девет милиони евра, а пред да замине на „Сигнал Идуна Парк“ црномурестиот фудбалер го одбил Реал Мадрид. Тој е најмладиот стрелец на гол во шведската репрезентација.

Но во Дортмунд одигра само пет натпревари, минатата сезона ја помина како позајмен во холандскиот Вилем Втори за кои даде 13 гола во 16 натпревари. И покрај одличниот ефект, Дортмунд одлучи да го продаде во Сосиседад.

Шведскиот репрезентативец со клубот од Сан Себастијан потпишал петгодишен договор.