Подготовките на Вардар оваа година стартуваат нешто подоцна од минатите лета кога Вардарци се подготвуваа за европски настапи. Овој пат тоа го нема поради немање лиценца, па така Вардар ги почнуваат тренинзите на крајот од месецов, поточно на 27. јуни.

Тоа значи дека Вардаровите играчи уште две недели ќе бидат на одмор.

Засега од таборот на Вардар нема информација каде ќе се одработат подготовките. Се споменуваат дестинации како Златибор, потоа Словенија или Банско.

Во следните две недели треба да се знае и дефинитивниот играчки кадар. Засега нема ништо на таа тема од најтрофејниот македонски клуб.