Веспрем потпиша долгогодишна соработка со Давид Дејвис. Откако шпанскиот стратег успеа да го врати тимот на победничките патеки и најважно да го врати на фајнл-фор завршницата во Келн, челниците на клубот одлучија да му понудат договор со важност до 2023 година.

Дејвис во Веспрем дојде во октомври 2018 година, внесе вистина свежина во редовите на сега унгарскиот првак, му донесе двојна титула. Во финалето на Лигата на шампионите не успеа да им го донесе првиот пехар во ова натпреварување, загуби од Вардар.

Од клубот се пофалија дека следната сезона се враќаат во СЕХА-лигата, каде очекуваат да дојдат до нов трофеј.