Македонскиот ракометен стратег Владимир Глигоров беше стручен соговорник во отвореното студио на ТВ Телма и оправдано постави неколку прашања до репрезентативците, по онаа срамна и очајна презентација во Ескишехир, во која едвај ја победија Турција и го потврдија пласманот на ЕУРО 2020.
„Репрезентативците дојдоа како на екскурзија, неподготвени и со недоволен респект кон државниот дрес. Со ваков пристап и ваков однос некои од нив и не заслужуваат да бидат таму. Треба многу работа и има многу простор за дискусија… Со ваков однос што ќе биде на ЕП, што може да очекуваме? Ќе чекаме на ЕП да се докажат? Ваков пристап не е дозволив… Митревски не спаси од дебакл, забележав нервоза кај капитенот, особено во последните 15-тина минути од натпреварот. Ретко сум го видел така нервозен. Од мој тренерски аспект не сум задоволен, победа е победа, имаме пласман на ЕП, но во перспектива треба многу промени, да се замислиме и да засукаме ракави“, истакна Глигоров.